Странските гости на Светското првенство во фудбал во Москва потрошиле околу 96,6 милијарди рубли, односно повеќе од 1 милијарда 300 милиони евра, изјави градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин.
Мундијалот во Русија го посетиле 3,8 милиони навивачи, а вложувањата во спортската инфраструктура се враќаат, рече градоначалникот.
„Не го подготвувавме специјално градот за светското првенство и само стадионот „Лужники“ е уреден за да одговара на барањата на ФИФА. Стадионот чини 25 милијарди рубли (340 милиони евра), но тоа во секој случај е наш капитал“, вели Собјанин.
Тој исто така истакна дека во 2010 година Москва не би издржала толкав број на туристи, пренесуваат руските медиуми.
„Сега цел свет знае за Никољската улица. А пред неколку години милиони луѓе не знаеја како изгледа таа. И сето тоа Никољската улица го издржа“, рече Собјанин и потсети дека градските власти во желбата да ја уредат Никољска и другите централни улици се бореле со реклами, сопствениците на кабли и подвижни продавници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче