ФОТО: Македонци на Светското првенство во фудбал 2018 во Русија

Russia Beyond Македонија
Иако Македонија нема учествувано на Светкото првенство во фудбал во Русија кое неодамна заврши, некои македонски навивачи сепак го посетија овој мошне важен настан во светот на фудбалот. Нашата редакција подготви специјална галерија со највпечатливите моменти од „спортските патешествија“ на Македонците во Русија.

За Златко Спиркоски од Прилеп веќе пишувавме. Тој имаше среќа да се најде на легендарниот меч од осминафиналето Русија-Шпанија, кога Русија на пенали извојува победа над Шпанија и за првпат влегува во четвртина финале на Светското првенство во фудбал. Златко исто така беше и на мечот за почесното трето место помеѓу Англија и Белгија кој се одржа во Санкт Петербург.

Младиот македонски навивач Стефан Спиркоски, син на Златко, внимателно ги набљудува љубителите на фудбалот кои одат во една од фан-зоните во Москва. За да бидеме коректни, да кажеме дека Стефан исто така може да го вброиме во руските навивачи, со оглед на тоа што неговата мајка Тања Спиркоска е Русинка, која се родила, израснала и долго време живеела во Москва.

Алберт Алушевски е родум од Гостивар, но веќе одамна живее и работи во Москва. Со својата ќерка Софија тој беше на мечот Данска – Франција.

За оние кои не можеа да се најдат на некој натпревар, беа организирани специјални фан-зони каде секојпат се собираа многу луѓе за да навиваат за својата, но и за туѓите земји и да разменат впечатоци. Алберт, неговата сопруга Елена, ќерката Софија во придружба на студентот Петар Узунов од Македонија во една од таквите зони.

Драгана Јордановска е Македонка која студира во Санкт Петербург. За време на Светското првенство ја посети Москва и, како и многу други, се фотографираше со маскотата на Мундијалот волкот Забивака во самото срце на руската престолнина, на Црвениот плоштад.

Петар Славески, физиотерапевт, ја посети фан-зоната на Воробјови гори во Москва и се фотографираше со прекрасните навивачки од Бразил.

И со навивач од Аргентина.

Илчо Ѓоргиев од Радовиш, за кого веќе пишувавме, дојде до најзападниот дел на Русија, градот Калининград, и го посети мечот Хрватска – Нигерија.

Небојша Богоевски и неговиит син Марко кои беа на гости кај своите роднини во Русија, се насладуваат со атмосферата на Никољската улица во Москва, улица која стана уште еден од симболите на Светското првенство 2018 во Русија, во друштво со мексикански навивачи. Небојша и неговата сопруга Надја Потаракина беа на мечот Србија – Бразил.

А, еве ја и Надја. Таа е Русинка, московјанка, но одамна и искрено ја сака Македонија (за тоа како таа се нашла во Македонија можете да прочитате тука). Надја во една од знаменитостите на Москва – ГУМ! И, да, никаде без македонско знаме!

Уште една македонско-руска сопружничка двојка – Вероника Самохина и Николче Соколовски. Дојдени се да ја поддржат и да ѝ се заблагодарат на руската репрезентација за прекрасната игра на Светското првенство 2018 на средбата со навивачите на Воробјови Гори во Москва. Средбата се одржа по мечот Русија – Хрватска, каде по напната борба, „Коцкестите“ на пенали ја победија „Зборнаја“. Според Вероника, од премногу емоции таа одвај се воздржала да не заплаче, таква била атмосферата. А, Коки имаше среќа да се најде на полуфиналето помеѓу Белгија и Франција кое се одигра во Санкт Петербург.

И уште едни млади македонско-руски навивачи, децата на Вероника и Николче, ќерката Ксенија и синот Тимофеј. На стадион тие не дојдоа, но затоа навиваа во домот на својата руска баба.  Униформа на навивачи веќе имаат!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња