„Сонував да го видам Меси како игра”: Учител од Индија пристигна во Русија со велосипед

Global Look Press

Секој на свој начин дојде на Светското првенство: некои одеа пешки, други на трактор ... но не и Францис. 28-годишниот Индиец од градот Кочи направи вистински подвиг кога го помина патот до Русија на велосипед.

Патувањето го започнал во февруари. Со оглед на тоа дека како Индиец не можел да добие виза за Пакистан, тој најпрво отишол во Дубаи, а потоа со брод за Иран, од каде преку Азербејџан пристигнал во Русија.

Францис почнал со мали рути. Поминувал само 15 километри на ден, за да не ги преоптовари мускулите. Првите четири дена му биле најтешки, бидејќи го мачеле болки.

„Бев навистина лошо подготвен за патувањето. Зедов само јакна, вреќа за спиење, шатор и алат за велосипед“, рече 28-годишниот учител по математика за The Village.

.

Во Дубаи набавил велосипед и не му било лесно да најде некој поевтин.

„Првиот ден ми се дупна гумата и почнав да го поправам според упатствата. Беше ужасно топло и ужасно се потев“, се сеќава тој. „Одеднаш ми пријде една девојка која се одвои од групата свои другари на улица и ми понуди помош. Ја замолив да го држи велосипедот додека ја поправав гумата и така се запознавме. Испадна дека е од Пакистан и дека морала да се пресели во Иран од семејни причини“.

Подоцна, оваа девојка дури и му давала храна на Френсис. Ова често се случувало за време на целото патување. Луѓето му нуделе храна на Францис и место да преспие. На патот се запозна и со германските велосипедисти кои одеа на пат околу светот. Му дадоа многу добри совети.

Тој вели дека не наишол на никакви проблеми во Иран, Азербејџан или Русија. Не наишол на агресија, па дури и неговата јазична бариера не го спречила да комуницира со луѓето. „Верувам дека светот е безбедно место“, вели тој.

Кога пристигнал во Русија, тој присуствувал на натпреварот Франција-Данска, кој заврши со нерешен резултат 0:0. „Бев среќен што сум таму, иако мојот сон беше да го видам Лионел Меси и тоа не ми се оствари“, вели тој. „Поминав една недела во Москва, шетавме многу, ја посетивме фан зоната. Имам впечаток дека Москва навистина многу направи за фудбалот“.

Францис ќе се врати дома со авион и планира да објави книга за своите патувања. „Сè на сè, добро си поминав во Русија, иако има многу комарци!“

Прочитајте повеќе за разбивачите на митови: Како англиските навивачи ги освоија срцата на Русите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња