Разбивачи на митови: Како англиските навивачи ги освоија срцата на Русите

Скриншот

Голема прашина на руските социјални мрежи крена клипот на британскиот тинејџер Тео Огден кој заедно со својот татко беше на Светското првенство во фудбал во Русија, а кој ги разбива популарните митски претстави кои во оваа земја постојат за Велика Британија. За мошне кусо време видоснимката ги освои руските Интернет-корисници и забележа стотици илјади прегледи.

Тео и Стивен го објавија клипот на Интернет уште на први јули, а вниманието на рускојазичната публика беше привлечено неколку дена подоцна. Откако доби руски титли почна со голема брзина да се шири во рускојазичниот Интернет, а коментарите во кои Русите изразуваат благодарност се сè побројни.

За секој од осумте митови во Русија, колку што имаат пронајдено таткото и синот Огден, зборуваат поединечно и сликовито, прашувајќи со неверување како можело да дојде до тоа медиумите во Лондон себеси да си дозволат на Британците да им наметнуваат таква страшна слика за исклучително гостопримливата и убава земја со одлична кујна и добри луѓе. Но да тргнеме со ред.

„Само што ќе стапнеш во земјата, ќе те истепаат руски хулигани“

„Во текот на две недели никогаш не сме се нашле во таква ситуација. Неколку наши пријатели решија да не ни се придружат токму поради тоа што го читале во британските медиуми. Не сретнав ниту еден хулиган. Ситуацијата што ја затекнавме беше сосема спротивна. Собравме храброст со себе да земеме англиско знаме, а исто така и маци со натпис Англија. Кога нè среќаваа Русите нивната реакција беше 'Напред, Англија'. Стотици Руси, навистина не претерувам, ни приоѓаа и започнуваа разговор“, вели Тео.

„Русите се секогаш незадоволни и никогаш не се насмевнуваат“

„Господе Боже, каква невистина“, преврте со очите Тео. „Кога дојдовме во Самара се запознавме со Огромен број пријателски расположени луѓе. Тие толку се радуваа на головите што му ги дадовме на Тунис. Нè послужија со торта. Колку фини, добронамерни луѓе“.

Таткото на седумнаесетгодишниот блогер раскажа случка која на него оставила мошне силен впечаток.

„Непознат Русин кој не беше таксист и живееше покрај стадинот запоре покрај нас и нè праша: На стадион ли одите? Влеговме во колата, поразговаравме петнаесетина минути колку што ни беше потребно да стасаме до стадионот и излеговме. Тој не сакаше да ни наплати. Ако му понудевме пари, ќе се навредеше. Таква е едноставно природата на Русите, тие правата онака како што им вели срцето“, заклучува Огден постариот.

„Русија е прилично мразна, неинтересна и апсолутно непривлечна земја“

Таткото и синот прикажаа неколку видеодокази кои одат во прилог на разобличувањето на овој мит. Тео и Стивен опуштено шетаат низ Самара, сликаат убави глетки и ѝ се воодушевуваат на Волга.

„Шетајќи низ Самара уживавме во речиси неверојатните пејзажи на Волга. Како е можно Русија да не е една од најпопуларните туристички земји? Таа дефинитивно ќе мора да стане тоа, Тука има толку многу работи, а ние имаме видено само мал дел“.

„Размислете за поедноставување на визниот режим за луѓето, како што сме ние, да можат да патуваат во Русија. Во овој момент процедурата е долга и скапа. Ако го поедноставите, тоа ќе биде феноменално“, им порачаа Огден на Русите.

„Таксистите ќе ве одерат до гола кожа“

Стивен Огден нагласува дека во Русија во споредба со Британија, таксито е неспоредливо поевтино, благодарение на можностите за онлајн-нарачување преку Јандекс и Убер.

„Во Русија е сè скапо“

„Бевме во две феноменални повници во Калининград. Кригла навистина одлично пиво чинеше само 1.79 фунти. Најискрено, жал ми е што ова сега го дознавте“, се пошегува Тео со британските гледачи, додека неговиот татко се смее од срце.

„Светското првенство ќе доживее неуспех“

Тео и Стивен велат дека британскиот печат често пишува дека Русите се неспособно да организираат нешто квалитетно, особено кога станува збор за меѓународни спортски натпревари.

„Волонтерите се едноставно неверојатни. Доколку ви е потребна каква било помош – да ја најдете билетарницата, фан-зоната, патот до стадионот, најкусата маршрута – тие се секогаш тука. Постојано се насмеани, ви објаснуваат како да стасате до одредени места, бесплатно ги решаваат сите ваши провлеми“, воодушевен е Тео.

„Се запознавме со навивачи кои веќе дваесет гдони ги посетуваат турнирите. Тие ни покажаа видео од Нижни Новгород и ни рекоа дека ова е најдоброорганизираното светско првенство во изминативе две децении. Турнирот не доживеа неуспех. Ова е најбрилијанто организираната манифестација од првиот ден“, додава татко му на Тео.

„Русите ги мразат Англичаните“

„Во сите градови во кои орестојувавме, руските навивачи во маици со натпис Англија ја поддржуваа нашата репрезентација како свој втор тим. Луѓе, тоа е реалност! За време на целото патување не сретнавме ниту еден човек кој кон нас би се однсувал со презир. Сите се прашуваат ите се прашуваат 'Како е можно да не станавме пријатели?' Огромен број луѓево Русија ја сакаат Англија, нашата музика, историјата, културата и чајот. Обата народи толку многу сакаат чај“, весело заклучува Тео.

„Сите руски јадења имаат одвратен вкус“

„Секако, навистина е точно“, вели иронично Тео во својот клип. „Храната е толку лоша што сакаш уште, и уште, и уште. Боршч, ќофтиња, пилешко со компир, сирники, пељмени... Татко ми се заљуби во алатите, иако сè е супервкусно. Бабушките подготвуваат многу добра храна, за тоа нема збор“.

Тео во блогот повеќе пати напоменува дека неговиот татко не е првпат во Русија. Стивен Огден има работено во Русија на почетокот од минатата деценија. Во руските претставништва на западните компании бил топ-менаџер, а моментално работи како директор во британската нафтена компанија „Волга гас“ која се занимава со експлоатација во Поволжје.

Својата сопруга ја запознал токму во Русија, а од тој брак е роден и младиот британски блогер кој со еден клип успеа да ги освои срцата на руските Интернет-корисници.

Прочитајте повеќе: Русин на англиски разбивач на митови за Русија му подари билет за полуфиналето Англија-Хрватска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња