Германскиот навивач кој спаси Русин проговори за својот племенит подвиг

Скриншот

Германскиот навивач Кевин Маер, кој му го спаси животот на Русинот Дмитриј Таранцев во Сочи, изнесе детали за тој благороден чин.

Кевин Маер, професионален спасувач од Германија, дојде во Русија за Светското првенство како навивач на репрезентацијата на својата земја. Дента кога Германија играше против Шведска на патот кон стадионот видел голем сообраќаен застој, а потоа и човек без свест кој лежел на патот.

„Видов еден куп лом на патот, а нешто подалеку човек кој лежеше неподвижен. Мислев дека срцето му запрело и дека е мртов. Му го ослободив пределот на градите за да го проверам пулсот. Но, немаше пулс“, ја почнува приказната Маер за руската телевизиска станица Рен-ТВ.

Спасувачот заклучил дека немало време да се повика брза помош и почнал реанимација. Тоа траело сѐ додека срцето не почнало да чука, лицето се заруменило, а несреќниот човек почнал да се движи. Потоа дошла брза помош и го однела повредениот.

Бидејќи Мајер не се фалел со својот благороден подвиг, тој не знаел дека го „бара цела Русија“.

„Не го очекував ова, мислев дека таа работа е завршена. Меѓутоа, вчера добив писма од вас и од многу други, на англиски и германски, во кои дознав дека ме бараат“, рече тој. Тој додаде дека луѓето се интересирале за тоа каде живее и сакале да добијат интервју од него и дека сето тоа го импресионирало.

Во контакт со својот спасител стапил и повредениот Русин и му се заблагодарил преку видео врска. Рускиот и германскиот навивач веќе се договорија за средба. Со Маер сакат да се сретнат и од руското Министерство за вонредни ситуации, кои сакаат да го наградат племенитиот германски навивач.

Сообраќајната несреќа се случила на Олимпискиот булевар во близина на стадионот „Фишт“ во Сочи. Возачот на мопедот по опасен маневар на крстосницата го соборила „Мазда“ која тој не ја забележал. Прибраниот германски навивач му укажал прва помош на повредениот човек и со индиректна масажа на срцето и вештачко дишење му го спасил животот, а потоа, како што се чинеше, „исчезна без трага“.

Прочитајте повеќе: Разбивачи на митови: Како англиските навивачи ги освоија срцата на Русите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња