Навивачи од Исланд се качија во „Нива“ и стигнаа во Волгоград

Moritz MŸller/imago sportfotodienst

Гретер Јонсон и Кристи Кјартансон се победници на наградната игра на една туристичка агенција од Исланд, а главната награда беше „Лада Нива“.  

„Учествувавме заедно, а победив јас“, вели Кјартансон. „Првин се шегувавме дека ќе одиме со „Нива“ на Мундијалот во Русија, а потоа сфативме дека идејата е премногу добра за да биде шега. Си ги собравме работите и тргнавме на пат!“.

Патот ги поведе Исланѓаните преку Данска, Германија, Полска, Литванија и Летонија. Другарите веќе беа во Москва, а по Волгоград го продолжуваат за Ростов.

„Нива“ е одлична кола! Немавме никакви проблеми. Автомобилот се движи по сите патишта – и по нашите, и по германските, и по руските“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња