Путин за фудбалската репрезентација на Русија: „Ме зачудија!“

firo/Sebastian El-Saqqa/Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше на седницата на претседателскиот совет за спорт и надзорниот совет „Русија 2018“ во Калининград и призна дека играта на руската репрезентација „дури и го зачудила“. 

Путин позитивно ја оцени играта на руската фудбалска репрезентација која првпат во историјата се пласираше во четвртфинале на Светското првенство и загуби на пенали од Хрватска.

„Морам да кажам дека нашата репрезентација играше добро, бескомпромисно и ни овозможи да се радуваме на победи. Голема благодарност до селекторот на репрезентацијата Станислав Черчесов! Целиот тренерски штаб и момците се бореа достојно. Дури и нѐ зачудија со својата истрајност и квалитетот на играта.

Пред нас е Лигата на нациите и Европското првенство 2020. Треба д се задржи моменталното расположение и да се подготвиме за тие натпревари како и за Светското првенство. Дел од натпреварите на Евро-2020 и Лигата на нациите ќе се одржат во руски градови“.

Меѓу најголемите достигнувања на Русија на Мундијалот е тоа што се освоени симпатиите на гостите. „Светското првенство разбуди интерес спрема Русија. Мораме да ја поддржиме желбата на илјадници странски навивачи повторно да ни дојдат. Затоа веќе одлучивме на сопствениците на FAN ID да не им требаат визи до 1 јануари 2019“, рече претседателот Путин.

Испитување на јавното мислење: 87% од гостите на Мундијалот сакаат повторно да ја посетат Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња