Видео: Путин, Колинда и Макрон во соблекувалните по финалето на СП-2018

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателите на Русија, Франција и Хрватска - Владимир Путин, Емануел Макрон и Колинда Грабар-Китаровиќ – ги посетија по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал соблекувалните на репрезентациите на Франција и Хрватска, а видеоснимката е објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

Во друштво на претседателите беше и Џани Инфантино, првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација. Тие во развеселената атмосфера поразговараа со играчите и потоа се фотографираа.

 Прочитајте повеќе: Што кажа Путин за финалето на Светското првенство во фудбал?