Франција поведе во 20 минута, кога Гризман од слободен удар ја уфрли топката во хрватскиот петерец, а Манџукиќ со глава ја сврте нејзината траекторија и си постигна автогол.
Хрватска изедначи со голот на Перишиќ во 30 минута. Седум минути подоцна Перишиќ играше со рака пред својот гол. Судијата по консултациите со VAR досуди пенал и Франција во 39 минута поведе со 2:1 со голот на Гризман од единаесет метри.
Третиот гол за Франција го постигна Погба во 65 минута. Потоа Мбапе во 69 минута со извонреден удар четврти пат ја затресе мрежата на Субашиќ.
Манџукиќ го намали водството на противникот по грешката на францускиот голман Лорис. Конечен резултат – 4:2 за Франција.
Така заврши Светското фудбалско првенство 2018 чиј домаќин беше Русија. Претседателот на ФИФА Цани Инфантино изјави дека ова е најдобро организираниот Мундијал во историјата.