Руски лекари ја спасија ќерката на претседателот на ФИФА

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Седумгодишната ќерка на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, која допатува во Санкт Петербург со мајка ѝ, во неделата беше итно хоспитализирана во клиничката болница на Државниот медицински педијатриски универзитет.

Девојчето се жалело на болки во стомакот, така што истиот ден е извршена операција на вадење на слепото црево, соопштуваат руските медиуми.

Џани Инфантино тој ден присуствуваше на натпреварот Русија-Хрватска во Сочи, а потоа веднаш полета во Санкт Петербург.

Џани Инфантино има четири ќерки, а во Русија допатува најмалата.  

Прочитајте повеќе: Џани Инфантино: „Сите се вљубивме во Русија“