Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на ФИФА Џани Инфантино шутираа на голот на малиот фудбалски терен во паркот на Црвениот плоштад во Москва.
Во четвртокот Путин во друштво на Инфантино, претседателот на Организацискиот комитет „Русија-2018” Алексеј Сорокин и помошникот на претседателот на РФ Игор Левитан го посети фудбалскиот парк на Црвениот плоштад. Путин стигна во паркот пеш директно од Кремљ. Претседателот на Русија носеше костум и бела кошула, но без вратоврска, пренесуваат медиумите.
Сорокин му го покажа паркот на Путин додека во него се загреваа млади фудбалери.
Претседателот на Русија и претседателот на ФИФА го посетија павилјонот на спонзорите на ФИФА, а потоа отидоа до малиот фудбалски терен и по двапати шутираа на голот. Суштината на овој начин на тренирање е во тоа што камерата, која се наоѓа зад макетата на голманот, се фокусира на портокаловата топка и по ударот ја следи нејзината патека, упатувајќи го кон неа голманот. При првиот обидот гол не успеаја да дадат ни Путин ни Инфантино.
По вториот удар на рускиот претседател, топката заврши во мрежата. „Па, така некако”, ги рашири рацете рускиот претседател. Инфантино исто така беше прецизен од вториот обид. „Уно-уно”, рече претседателот на ФИФА.
Потоа Путин помина на импровизираниот фудбалски терен, каде што се фотографираше со младите играчи на фудбалскиот клуб „Тотем”. Децата се подготвуваа да одиграат ревијален натпревар. Пред тоа недела дена тренираа со репрезентацијата на Португалија во нивната база.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче