Рускиот селектор ја презеде врз себе одговорноста за нереализираниот пенал во четвртфиналето

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија Станислав Черчесов изјави дека напаѓачот Фјодор Смолов не е виновен што не даде гол од пенал во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против репрезентацијата на Хрватска. 

„Тоа не е негова вина. Јас сум виновен, затоа што тренерот секогаш мора да им помага на своите фудбалери. Очигледно дека во тој момент не се разбравме најдобро со него“, изјави Черчесов во интервјуто за руската телевизија RT. 

Она за што Черчесов најмногу жали е тоа што репрезентацијата ја исполнила „моралната“ задача но не и „спортската“. А главното достигнување на рускиот тим е радоста на навивачите, рече селекторот. „Бевме на чекор до полуфиналето, ќе игравме против Англија, имавме шанса да се бориме за финалето и за титулата, иако никој не веруваше во нас. Но ние сме спортисти и го сакаме трофејот в раце“, изјави Станислав Черчесов.

Прочитајте повеќе: „Со високо кренати глави“: Фудбалерите на Русија реагираат по херојството на Светското првенство