Маневри „Словенско братство-2018”: Највпечатливите моменти на една снимка

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Министерството за одбрана на Русија ги објави највпечатливите кадри од меѓународните тактички маневри „Словенско братство-2018”. Десантни единици од Русија, Белорусија и Србија од 18 до 28 јуни на полигонот „Раевски” во Краснодарскиот крај увежбуваа специјални дејствија за подготовка и примена на коалициска тактичка група со јачина на баталјон.

Оваа година на маневрите првпат беа користени нови модели на воена техника на Воздушно-десантните сили: борбеното возило за десант БМД-4М, оклопниот транспортер БТР-МДМ „Ракушка”, тенкот Т-72Б и системот за радиоелектронско војување „Инфауна”.

Маневрите „Словенско братство” се одржаа по четврти пат.

Погледнете го видеото од отворањето на воената вежба „Словенско братство 2018“