Ешли Јанг: Ќе ми биде мило ако Русите навиваат за нас

Global Look Press

Ешли Јанг, фудбалерот на репрезентацијата на Англија на прес-конференцијата во пресрет на полуфиналето против репрезентацијата на Хрватска изјави дека ќе му биде мило ако руските навивачи го поддржат неговиот тим.

„Имаме одлични шанси да го освоиме турнирот, одлично сме расположени“, истакна Јанг. „Како дете мечтаев да го освојам Светското првенство и сега сум блиску до остварувањето на таа мечта“.

Запрашан како го доживува тоа што руските навивачи се подготвени да навиваат за Англија поради испадот на хрватскиот фудбалер Домагој Вида, Јанг вели дека не знае ништо за тоа.

„Но, во секој случај, добро е ако за нас навиваат повеќе луѓе. Нѐ чека важен натпревар и се надевам дека ќе го добиеме“.

Прочитајте повеќе: Хрватите се извинија: Вукојевиќ разрешен од функцијата во репрезентацијата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња