Хрватите се извинија: Вукојевиќ разрешен од функцијата во репрезентацијата

Reuters

Хрватскиот фудбалски сојуз ги објави извинувањата на одбранбениот играч на Хрватска Домагој Вида и членот на делегацијата на таа земја Огнен Вукојевиќ, кои по победата над репрезентацијата на Русија објавија снимка со зборовите „Слава ѝ на Украина!“.

„Хрватскиот фудбалски сојуз на овој начин ѝ се извинува на руската јавност за постапката на членот на штабот на репрезентацијата. На овој начин, Огнен Вукојевиќ и Домагој Вида исто така се извинуваат за изјавите кои во својата намера немаа политички конотации, но оставија простор за такви интерпретации”, пишува во соопштението на ХНС.

Хрватскиот сојуз исто така го разреши Вукојевиќ од функцијата во штабот на хрватската репрезентација на Светското првенство. Вукојевиќ се согласи со таа одлука, истакнувајќи дека не сака да биде товар за својот тим во пресрет на полуфиналниот натпревар против Англија.

„Разбирам дека моите изјави можат и поинаку да се толкуваат. Поради тоа ми е жал и ѝ се извинувам на руската јавност доколку ги доживеа моите изјави на таков начин. Исклучително сум горд на она што Хрватска досега го направи во Русија и им посакувам на момците многу среќа во преостанатите натпревари. Ќе бидам нивен најголем навивач до самиот крај“, рече Вукојевиќ.

По натпреварот против репрезентацијата на Русија, во која Хрватите беа подобри на пенали, одбранбениот играч на хрватската репрезентација Домагој Вида и еден од членовите на стручниот штаб Огнен Вукојевиќ, кои долго време играа заедно за киевски „Динамо”, објавија видеоснимка во која извикуваат „Слава ѝ на Украина!“. Фудбалерот изјави дека тоа била шега и дека тој ги сака и Русија. ФИФА спроведе истрага и хрватскиот фудбалер доби предупредување.

Прочитајте повеќе: Хрватски навивач: Се плашев да патувам за Русија, но тука живеат најдобрите луѓе на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња