Путин за Хрватите по натпреварот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ се заблагодари на руската фудбалска репрезентација за настапот на Светското првенство, изјави селекторот на руската репрезентација Станислав Черчесов.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков за реакцијата на претседателот на играта го изјави следново: „Го гледаше натпреварот. Навиваше. Нашите изгубија во фер и убава игра. Но за нас направија сјајна работа. Тие се херои. Умираа на теренот. Горди сме на нив!“.

Песков додаде и дека руските власти им посакуваат успех на сите репрезентации кои поминаа понатаму на шампионатот.

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, која во Сочи го гледаше натпреварот Русија-Хрватска во друштво на рускиот премиер Дмитриј Медведев и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, по натпреварот ја посети соблекувалната на својата репрезентација каде што се фотографираше со фудбалерите.

Прочитајте повеќе: „Со високо кренати глави“: Фудбалерите на Русија реагираат по херојството на Светското првенство