Џани Инфантино: „Сите се вљубивме во Русија“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Светското првенство во  фудбал ги натера сите учесници и гости на турнирот да се вљубат во Русија, изјави претседателот на Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации (ФИФА) Џани Инфантино.

Тоа се случува без оглед на сите стереотипи, вели тој. „Кога човек се запознава со Русите и руските навивачи, кога ја гледа неописивата убавина на Москва и фудбалскиот празник, тој едноставно не може да не се вљуби во Русија“, вели Италијанецот.

„Допатувавме во Русија, поминавме тука некое време и ја видовме земјата која многу придонесува“, рече Инфантино на средбата со Владимир Путин и легендите на светскиот фудбал во Кремљ.

Путин одговори дека таа празнична атмосфера ја создаваат и десетиците илјади навивачи од целиот свет.

„И, се разбира, тие гледаат, знаат дека убаво се дочекано, чувствуваат дека нашите граѓани се радуваат. И оние кои го сакаат спортот и оние на кои фудбалот малку има значи во животот – сите се радуваат што толку луѓе со добри намери допатуваа во Русија“, додаде претседателот на Русија.

Путин се надева дека поголемиот дел од навивачите ќе понесат дома добри спомени и дека некогаш ќе посакаат да се вратат во Русија.

Прочитајте повеќе: Путин ги замоли легендите на светскиот фудбал да му откријат кој ќе стане светски шампион