„Калашников“ предлага измени на законот за поседување ловечко оружје

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Концернот „Калашников“ предложи измени на законот „За оружје“ кои наскоро на Државната Дума ќе ѝ ги презентираат претставниците на партија „Единствена Русија“, пренесуваат руските медиуми.

Се предлага количината на дозволеното за поседување оружје да се зголеми на десет парчиња, да се дозволи поголема рамка на ловечката пушка за вежбање на стрелаштво и право на поседување на пушка со жлебена цевка со помал ловечки стаж (сега за тоа е потребно да се поседува оружје со мазна цевка најмалку пет години).

„Калашников“ произведува околу 80% од стрелечкото оружје за руската војска, а на пазарот на ловечко оружје со мазна цевка концернот зазема 2%, на пазарот на ловечка пушка со жлебена долга цевка - 34%. 

Прочитајте повеќе: Како Русите го изгубиле правото за носење оружје