Вооружен - значи опасен

Според социолошките истражувања, најголем број Руси категорично се против тоа нивните сограѓани да добијат можност за купување на огнено оружје.

Имаат ли Русите право да поседуваат огнострелно оружје, или напротив, властите треба да ја забранат продажбата дури и на воздушните пиштоли? Јавната дискусија по ова прашање добива поголем одзив во Русија. Сепак, повеќето Руси веќе имаат јасна позиција за ова прашање.

Според податоците на истражувачката група ЦИРКОН, која врши мониторинг за овој проблем во текот на последниве две години, најголемиот број Руси (според податоците од септември 2012 - 74%) - имаат негативно мислење за идејата да им се дозволи на граѓаните носење на оружје со краток домет за самоодбрана.

Треба да се забележи дека според „Левада-центар“, во 1991 година имале негативно мислење за оваа идеја 76% од испитаниците.

Меѓутоа, експертите на ЦИРКОН сметаат дека во последниве две години кај општественото мислење има придвижување - иако мало - за одобрување и легализација на оружјето. Бројот на поддржувачи на легализацијата на слободната продажба на оружје порасна од 14 на 22% (т.е. за 1,5 пат). Според мислењето на социолозите, ова може да се објасни со тоа што сѐ почестите дискусии во медиумите од страна на поддржувачите на оваа идеја носат свои плодови, и сѐ повеќе граѓани го разгледуваат оружјето како начин за самозаштита.

Според податоците на МВР на Русија, оружје веќе поседуваат 5 милиони граѓани на Русија, а оружјето со краток домет со закон е забрането да се поседува.

Според податоците на социолозите, Русите кои имале судир и искуство со криминалци - двојно почесто ја поддржуваат идејата за легализација на оружјето со краток домет и речиси 2,5 пати почесто се подготвени да купат такво оружје, отколку тие што немаат вакво искуство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња