Колинда Грабар-Китаровиќ и Владимир Путин
Global Look PressНа натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство во фудбал Русија-Хрватска ќе присуствува и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.
Грабар-Китаровиќ ќе „присуствува на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал кој ќе се одржи во сабота, 7 јули 2018 година, во Сочи меѓу репрезентациите на Хрватска и Русија”, соопшти кабинетот на хрватската претседателка, пренесуваат медиумите.
Претходно во средата прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека засега не знае дали Владимир Путин ќе присуствува на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Русија и Хрватска.
Грабар-Китаровиќ во неделата присуствуваше на натпреварот од осминафиналето на Мундијалот во Нижни Новгород, кога репрезентацијата на Хрватска го порази тимот на Данска во серијата пенали. Таа исто така го гледаше и натпреварот во кој рускиот тим ја победи Шпанија. Хрватската претседателка ѝ ја честиташе на Русија победата и рече дека таа е достоен противник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче