Канадската пејачка Грајмс му го честиташе на својот дечко, американскиот претприемач Илон Маск, роденденот на неговиот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ на руски јазик пишувајќи му „с днем рождения“ и нарекувајќи го, исто така на руски,„нејзин демон“.
Таа додаде и емотикони - црно срце и летечка чинија. Набрзо се појавија стотици коментари, меѓу кои мнозинството беа напишани на руски, а потписниците се чудеа зошто Клер Елис Буше алијас Грајмс пишува на руски.
„Руските хакери провалија во умовите на Американците, (што и не беше толку тешко)“, беше еден од коментарите.
Во интервјуто за „Ексберлинер“пред неколку години Грајмс рече дека во детството што го поминала со баба ѝ Украинка слушала претежно руски јазик. На обвивката на новиот албум „Визии“ (Visions) кој се појави оваа година, а која пејачката самата ја осмисли, се наоѓа цитат од песната на Ана Ахматова на руски „Песня последней встречи“ („Песна на последната средба“).
Првиот човек на компанија Tesla и SpaceX Илон Маск првпат се појави во друштво на Грајмс на почетокот на минатиот месец на добротворната манифестација Мет Гала. Според пишувањето на медиумите, нив ги поврзал интересот за вештачката интелигенција и „случајот комедијант“ кој сакаше Маск, пребарувајќи низ интернетот, да налета на една духовита фраза која Грајмс пред неколку години ја употреби во една своја песна.