Јакутија – како што регионот е познат под тоа име во Русија – е област речиси голема како Индија. Тоа е една петтина од територијата на Руската Федерација. Се наоѓа на истокот на Русија и е покриен со снег во најголемиот дел на годината, но исто така има и кратки, но врели лета.
Регионот може да се пофали со вистинска пустина на бреговите на реката Лена - и токму таму Амина ја имаше својата фотосесија. Дел од целта, се разбира, беше да ги потсети нејзините потписници на блогот на фактот дека Јакутија има фасцинантна убавина и разновидност на природни феномени.
Во овој најсеверен руски регион има околу 60000 квадратни километри пустина. Научниците велат дека можел да се формира уште пред 27000 години од силните ветришта кои го носеле песокот од исушените речни корита преку бреговите на реките.
Амина (34), тренер по фитнес во Јакутск, главниот град на Јакутија, вели: „Моја беше идејата да создадам ориентални слики. Барав место кое не би изгледало како Јакутија, туку, да речеме, како Дубаи - со баркани (дини во облик на полумесечина) и песок насекаде“.
Идејата на Амина се покажа како многу добра. Откако беа објавени нејзините снимки, јакутската пустина стана популарно место за блогерите и туристите. Но прозорецот за можност да направите совршени пустински слики се затвора: во зима, пустината станува повторно стариот добар Сибир. Еве како изгледа тоа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче