Диви коњи и гладен оган: Експедиција во Јужен Сибир

Tatiana Zhukova
Тука можете да ги видите автохтоните народи на Алтај, на Хакасија и на Горнаја Шорија.

Авантурата започнува! Доколку сè уште мислите дека Сибир е само мочуриште со лоши патишта и кафеави мечки кои демнат од секоја грмушка, погледнете го овој пат во Тјумењската област долж реката Ишим.

Максим ТарасовМаксим Тарасов

Нашето одредиште е мало село од дваесеттина јурти на плато стеснето помеѓу врвовите на планинскиот венец на Кузнецки Алтау. Тоа е музејскиот комплекс „Хакаски Ал“. Во 19 век многубројни семејства јужносибирски номадски сточари Хакаси живееле во слични јурти. Можете и да преноќите во една од нив.

Максим ТарасовМаксим Тарасов

Мештаните го замолија нашиот фотограф Максим Тарасов да го најде нивниот исчезнат коњ со помош на својот квадрокоптер со камера и еве што тој сними:

Максим ТарасовМаксим Тарасов

Туристите ги пречекуваат девојки во хакаска народна носија. Хакасите ја носеле до средината на 20 век, а потоа и тие преминале на европскиот начин на облекување. Денешните Хакаси облекуваат народна носија на семејните веселби или на националниот празник Тун Пајрам (празник на првиот ајран – хакаски пијалак од скиселено млеко) и за хакаската нова година Чил Пази.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

Во јуни летните горештини на алтајската земја веќе на големо ги диктираат своите правила. Од страна изгледа дека водата во планинската река е ладна, но излезе дека е многу топла.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

Пред 400 години на Алтај на брегот на Телецкото езеро живееле Тјољоси, тукашен народ од туранско потекло. Биле номади и се занимавале со сточарство. Нивни потомци се Алтајците кои сè уште живеат тука.

Туристичките маршрути кон Алтајските планини минуваат низ Телецкото езеро. Патот долж езерото започнува во селото Артибаш и води до долината на реката Чулишман, а исто така и до локалитетот „Камени печурки“ и каскадниот водопад Учар висок 160 метро (инаку тоа е најголем водопад на Алтај).

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

Тукашните четвороножни водичи можат да ви организираат екскурзија околу езерото.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

Шорачки шаман врши обред. Шорците се народ чии предци во целиот Сибир биле познати по вештината на леење олово. Тие сметаат дека светот се дели на три сфери: небо (или јурта Улхи), среден свет (или јурта Орти) и земја на зли дуси (јурта Ејни). Луѓето живеат во средниот свет, а шаманите со помош на оган комуницираат со другите сфери. Шаманот покрај огнот става убави послужавници со вкусни слатки и парчиња леб за со тоа да добие благонаклоност на дусите.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

„Господарка на тајгата“ е скулптура на Дашија Намадкова. Таа е симбол на Горнаја Шорија која се наоѓа на тромеѓата на планинскиот венец Алтај, Сајан и Кузнецки Алтау. Роговите од лос и пламените на жртвениот оган во сад кој го држи девојка украсена со сончеви симболи со прикази кои симболизираат изобилство, а сето тоа е стилизирано да потсетува на древните цртежи на карпите.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

Телецко езеро е еден од центрите за туризам и рекреација во Алтајскиот крај. Тоа е внесено на листата на светското наследство на УНЕСКО како дел од Златните планини на Алтај. Тукашните жители за Телецкото езеро велат дека тоа е „помлад брат на Бајкал“. Ова езеро не е толку длабоко колку што е Бајкалското, но водата во него е исто толку добра колку што е и бајкалската. Во февруари е најбистра и тогаш е проѕирна до длабочина од 15.5 метри.

Татјана ЖуковаТатјана Жукова

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња