Снежана од Сибир стана ѕвезда на Инстаграм

Нарјана е девојче албино. Таа има снежнобела коса, порцеланска кожа и кадифено сини очи. Нејзиниот надворешен изглед воопшто не е типичен за жителите на Јакутија, каде повеќето жени се со кафеави очи и црна коса.

Нарјана е девојче албино. Таа има снежнобела коса, порцеланска кожа и кадифено сини очи. Нејзиниот надворешен изглед воопшто не е типичен за жителите на Јакутија, каде повеќето жени се со кафеави очи и црна коса.

Вадим Руфов
Едно мало девојче го привлече вниманието на Интернет не само во Русија, ами и во целиот свет. Родена во Јакутија убавицата беше наречена „Снежна кралица“, „Сибирска Денерис“ и „Порцеланска девојка“. Сето ова се должи на нејзината нетипична убавина: генотипот на луѓето од Северна Русија, во комбинација со албинизам, довел до волшебен резултат.
Нарјана стана позната откако локалниот фотограф Вадим Руфов направи фотосесија со неа и ги објавува фотографиите на социјалните мрежи.
Вадим ја открил Нарјана случајно на Инстаграм кадешто нејзините родители дозволиле таа да се регистрира неодамна.
Нарјана ја прифаќа оваа можност со отворени раце. Таа е многу активно дете и сака да се фотографира и да е во центарот на вниманието.
„Таа е најнеобичното дете што сум го видел“, вели фотографот. „Беше многу лесно да работам со Нарјана. Дури не требаше да ѝ кажувам како да застане или каде да гледа. Таа позира многу природно“.
Ниту нејзините родители, ниту Вадим не претпоставувале дека Нарјана ќе стане толку голема сензација. Оттогаш таа е преплавена со предлози на модни агенции и други фотографи.
Сепак нејзините родители решија дека е многу рано Нарјана да влезе во бизнисот. „Не сакаме да ја оптоваруваат. Нека да има нормално детство. Ако почне да работи сега, ќе порасне предвреме“, вели мајката на девојчето.
Самата Нарјана си постави за цел да создаде свој канал на Јутјуб и да стане блогер и модел. Но, засега тоа е само забава.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња