Звучи како екстремен случај на тролање, но се случи апсолутно случајно. Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе дојде во Казањ на мечот од Светското првенство против Франција на 30 јуни. Излезе дека деновите пред натпреварот ќе мора да ги помине во хотел чии прозорци гледаат во портретот на неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо. Оваа ситуација не може да се избегне, затоа што другиот хотел кој е на располагање на фудбалерите веќе го зазеде француската репрезентација.
Графитот со ликот на Роналдо се појави на зградата во дворот на хотелот „Рамада” во Казањ 2017 година пред доаѓањето на португалската репрезентација на Купот на конфедерациите. Роналдо тогаш отседна во апартман со поглед на својот портрет.
Градоначалникот на Казањ Илсур Метшин вети дека во Казањ ќе се појави и портрет на Лионел Меси ако аргентинскиот тим дојде во градот. Можеби би било добро да се најде точно пред графитот на Роналдо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче