Маркос Рохо - не блескаше во Спартак, а сега ѝ донесе спас на Аргентина

Reuters

Во вчерашниот натпревар меѓу Аргентина и Нигерија победоносниот гол го постигна аргентинскиот фудбалер Маркос Рохо. Тој пред неколку години играше за московски Спартак и тоа мошне слабо. По спасоносниот гол на Маркос за аргентинската репрезентација руски спортски коментатор се запраша кога и каде овој Аргентинец почнал добро да игра.

Според мислењето на новинарот на порталот „Спорт Експрес“ Филип Папенков, Рохо во Спартак „остави мошне лош впечаток“ и брзо го напушти клубот. Токму поради тоа многумина во Русија се зачудија кога Рохо се најде во Манчестер Јунајтед.

„Сега, кога овој одбранбен играч стана јунак на својата земја и го спаси Диего Марадона од инфаркт, не е лесно да се поверува дека пред неколку години тој беше во Русија затрупан со критики од сите страни“, пишува Папенков. 

Рохо дебитираше во Спартак на 17 февруари 2011 година на гости против Базел, а последен пат играше за московскиот клуб на 13 мај 2012 во Черкизово, кога Спартак ја победи Локомотива и обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Вкупниот резултат му беше мошне скромен: 17 натпревари, еден гол против Краснодар во Купот на Русија, десет жолти и еден црвен картон и уште шест натпревари за младинската постава на црвено-белите. Поголемиот дел од времето поминато во Русија Аргентинецот се лечеше од повреди, се потсетува рускиот новинар.

„Младоста, неискуството, носталгијата за татковината... Имаше многу причини Рохо да не заигра кај нас како што би требало. Во Португалија му беше полесно. Брзо стана еден од лидерите на Спортинг и им помогна на Лисабонците првпат по подолго време да го заземат второто место во Португалија, а потоа блесна во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство 2014. Многу спортски изданија го вбројуваа Рохо во своите варијанти на симболичните репрезентации на Мундијалот“, вели Папенков.

По Светското првенство 2014 година Манчестер Јунајтед го откупи аргентинскиот фудбалер од Спортинг за 20 милиони евра (Спартак имаше процент од тој трансфер). Оттогаш универзалниот дефанзивец одигра за „црвените ѓаволи“ речиси 90 натпревари, а тренерите многу го ценат.

Таа метаморфоза вака ја објаснува Валериј Карпин, кој го купи и продаде Рохо:

„Едно е компактна дефанзива како во Англија и репрезентацијата на Аргентина, а нешто сосем друго дефанзива во ситуација кога противничка екипа прави брзи контранапади, затоа што Спартак се трудеше да ја контролира топката. Освен тоа, луѓето напредуваат, Маркос допрва ја помина дваесеттата кога дојде кај нас. Оттогаш се разви, стана поискусен и игра многу подобро. Нема тука ништо необично, тоа е нормално за играч кој сака да напредува.

Прочитајте повеќе: Руски пратеник: Нема причина да му се одземе навивачката легитимација на Марадона

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња