Можеше да се очекува дека некои навивачи на Светското првенство во фудбал ќе претераат во однесувањето. Затоа никој и не се изненади кога група Иранци реши да ја изрази својата „љубов“ спрема Кристијано Роналдо пеејќи под прозорците на неговиот хотел сѐ до рани зори.
Тие својата серенада ја отпеаја ноќта спроти натпреварот на Португалија против Иран во Саранск на 25 јуни. Навивачите беа толку гласни што ѕвездата на „Реал Мадрид“ од прозорецот на својот хотел им покажа да се стивнат, затоа што не може да спие.
Ronaldo foi à janela pedir aos iranianos para o deixarem dormir em paz 💤
— B24 🇵🇹 (@B24PT) 24 June 2018
🎥 @RTP1pic.twitter.com/UtYxZBbJF3
Денот на натпреварот дојде и ненаспаниот Роналдо промаши пенал при резултат 1:1. Потоа организаторите решија да преземат некои мерки и да му обезбедат мирен сон пред следниот натпревар. Хотелот постави двојна ограда која навивачите ги држи подалеку од ушите на играчите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче