Претставничката за печат на „Динамо“ од Брест Олга Хижинкова соопшти дека претседателот на белорускиот клуб Диего Марадона не се обраќал до клубот за помош кога на крајот на натпреварот Нигерија-Аргентина (1:2) во третото коло од групната фаза на Мундијалот поради здравствени проблеми беше принуден да ја напушти својата ложа. Претходно на легендарниот аргентински фудбалер му се слоши така што му беше потребна придружба за да ги напушти трибините.
„Колку што ми е познато, тој доброволно се откажа од хоспитализација“, рече Хижинкова. „Тој не се обраќаше до клубот за помош, така што немаме многу информации за тој случај. Се надеваме дека сѐ ќе биде добро“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче