На денешниот тренинг на руската фудбалска репрезентација, која за се подготвува мечот против Шпанија во осмина финалето на Светското првенство во Новогорск, присуствува бившиот селектор на рускиот национален тим Гус Хидинк, своевремено наречен „волшебникот Гус“, заслужен за неговите најдобри резултати во современата фудбалската историја на Русија, јавуваат руските медиуми.
Избраниците на селекторот Станислав Черчесов, кои се пласираа меѓу 16 најдобри репрезентации на Мундијалот, ги продолжуваат интензивните подготовки во пресрет на дуелот со Шпанија кој е на програмата на 1 јули од 16 часот на стадионот „Лужники“ во Москва.