Иранските навивачки изненадуваат со својот непокриен изглед на руските стадиони

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На социјалните мрежи навивачите објавуваат фотографии и коментари за иранските навивачки кои на трибините на стадионите во Русија се појавуваат непокриени.

По Исламската револуција 1979 година иранските жени при излегување на улица мора да го имаат откриено само лицето, а сите останати делови на телото мораат да бидат покриени со хиџаб или марама. Меѓутоа, Мундијалот во Русија за иранските навивачки беше можност на забораваат на строгиот код за облекување и да се почувствуваат слободно во странска земја. Тоа го забележаа и корисниците на социјалните мрежи.

На многу фотографии кои се објавени на социјалните мрежи девојките од Иран ги покажуваат не само рацете и нозете, туку и деколтето, што во Иран е строго забрането.

Навивачката на репрезентацијата на Иран Фаје Амири вели дека сѐ се сменило по Исламската револуција.  Она што претходно било прашање на лично убедување на секого, оттогаш станало закон кој не им се допаѓа на сите, пренесуваат медиумите.

Амири истакнува дека многу ирански жени веруваат во бога, но не сметаат дека треба да се покрива сѐ освен лицето. Државата ги присилува да прават така. Но кога ќе си отидете од Иран, можете да видите како сите тие кога ќе излезат на аеродром или уште во авионот ги симнуваат хиџабот или марамата.

Погледнете 20 од најжешките млади дами кои го поддржуваат својот тим на Светското првенство во Русија