Светско првенство на „откачена“ мода: Кој костим најмногу ви се допаѓа?

Joel Marklund/Global Look Press
Московските улици ги преплавија Викинзи, додека на Санкт Петербург јуришаат древните фараони. Сите се облечени на начин на кој ќе остават впечаток.

Навивачите кои се „залетаа“ во Русија на Светското првенство оваа година се особено креативни. Само погледнете колку необично и упадливо се облечени. Изгледа дека овие навивачи се подготвени да сторат многу нешта за да го поддржат својот национален тим.

1. Од пирамидите до Санкт Петербург: Египетските навивачи се подготвуваат да ги поддржат „Фараоните“ во натпреварот против Русија на 19 јуни. За жал, изгубија со резултат 1:3.

2. Навивачите од Сенегала дури го исчистија по себе стадионот по мечот со Полска во Москва на 19 јуни.

3. Изгледа дека овој навивач од Колумбија стекна руски пријател во Саранск, 19 јуни.

4. Јапонците исто така со сите сили ја поддржуваат својата репрезентација. И тоа функционира – ја победија Колумбија со 2:1. И тие по натпреварот ги собраа своите отпадоци на стадионот.

5. Највпечатливиот навивач допатува од Шведска во Нижни Новгород. Не е ни чудо што Швеѓаните ја победија Јужна Кореја со 1:0!

6. Огромно сомбреро, насмеани девојки и огнено навивање! Накратко: „Viva la Mexico“. Москва, 17 јуни.

7. Погодете за која земја навиваа овие луѓе! Во право сте (или не сте во право) – дојдоа од Германија. Москва, 17 јуни.

8. Убава навивачка од Перу допатува во Саранск, 16 јуни.

9. Овие капчиња во боите на хрватското знаме изгледаат како фудбалски топки, а всушност се капчиња за ватерполо. Како и да е, Хрватска во Калининград ја победи Нигерија со 2:0, 16 јуни.

10. „Најопасно“ изгледаше навивачот од Исланд, но тој љубезно се согласи да направи селфи со Русите во Москва, 15 јуни.

11. Кој е ова – фантастичниот Хулк или ирански навивач? Санкт Петербург, 15 јуни.

12. Секој тим би можел да има свој сопствен Бетмен. Овој суперхерој е од Мароко. Москва, 20 јуни.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња