Португалски „Рекорд“: Русинките се ненормално убави

Reuters

Колумнистот на португалскиот весник „Рекорд“ (Record) кој известува од Мундијалот во Русија ги изнесе своите впечатоци за Русите, пренесуваат руските медиуми.

„Подгответе се, нема да поверувате во она што ќе ви го кажам за своето искуство од престојот во Русија и комуникацијата со Русите“, пишува колумнистот на португалски „Рекорд“. „Се покажа дека сите тие се, без разлика, гостољубиви и љубезни. Од американските филмови научивме дека сите Руси се негативци. Кога би постоел суд за оние кои многу измислуваат, Русија би имала доволно материјал против сите нив да поднесе тужба за нарушување на угледот. Се разбира дека постојат никаквеци. Но не се работи за тоа. Кога и да побарав на улица некаква информација секогаш ја добивав без какви било проблеми“.

„Насмевките од ситуација во ситуација го кршеа мразот што се испречи меѓу моите предрасуди и вистинските вредности на тој народ. И уште нешто за жените... Тие се ненормално убави. И не се вонземјани. Во Сочи такви девојки има неверојатно многу. Ми се чини дека односот на локалните мажи го направи спротивниот ефект, односно чувството смарагдот да се доживува себеси како месинг“, запиша колумнистот на португалскиот весник „Рекорд“.

Прочитајте повеќе: Уапсете ме! Гостите на Москва ја најдоа најубавата Русинка во полициска униформа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња