Хавиер, најпознатиот навивач од Мексико, се загуби во Екатеринбург

IngueSuMatrushka

Навивачот од Мексико по име Хавиер, кој се прослави со картонската реплика на својата фигура, се загуби на подрачјето на Јужната автобуска станица во Екатеринбург и се обрати до полицијата за помош. Според некои информации, тој е приведен поради тепачка во пијана состојба.

Извор од итните служби во регионот претходно изјави дека полицијата утврдила каде се наоѓа мексиканскиот навивач.

„Хавиер е пронајден жив и здрав. Тој се изгубил во реонот на Јужната автобуска станица и потоа се обратил за помош до полицијата. За да не се губи повеќе, полицијата ќе го доведе до Екатеринбург Арената и ќе го остави кај другарите“, рече изворот.

Според некои информации, Мексиканецот е уапсен поради тепачка. „Во текот на ноќта Хавиер претерал со алкохол, се степал и сега се наоѓа во полициска станица. Кога ќе се отрезни ќе биде пуштен“, наведе, според пишувањето на медиумите, извор од правосудните органи.

Фудбалските навивачи од Мексико ги следат натпреварите на својата  репрезентација на Светското првенство во Русија во друштво на другарот од картон Хавиер. Како што се покажа, на сопругата на Хавиер не ѝ се допаднала идејата за одењето на мажот на Мундијалот, па тој на Мундијалот испрати реплика на својата фигура од картон.

Но, подоцна навивачот од картон кој стекна голема популарност на социјалните мрежи, сепак пристигна во Русија на Светското првенство во фудбал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња