Дали „Мексиканецот од картон“ сепак допатува на Мундијалот?

Александар Рјумин/TASS
Другарите засега молчат, но сѐ повеќе има фотографии со Хавиер од крв и месо.

Една од најпознатите навивачки приказни првите денови од Мундијалот во Русија е доаѓањето на петмина другари од Мексико. Финтата е во тоа што еден Мексиканец е од картон. Сопругата на Хавиер наводно не му дозволила да патува во Русија, за што говорат и зборовите на маичката: Mi vieja no me dejo! Затоа другарите ја залепија неговата фотографија во природна големина на картон и тргнаа на пат со убаво ишарен автобус.

Un aplauso a la seleccion mexicana por la victoria de ayer!!!

A post shared by Ingue Su Matrushka (@inguesumatrushka) on

Мексиканците беа во Москва, Воронеж, а сега се во Ростов, каде нивата репрезентација ќе го игра натпреварот од второто коло. Тие се веќе ѕвезди на првенството и луѓето о задоволство се фотографираат со нив.  

Меѓутоа, на истите тие фотографии е забележан човек кој многу личи на споменатиот Хавиер.

„Не знаевме, но вчера се фотографиравме со познатиот Мексиканец кого жената не го пуштила на СП во Русија. Во Воронеж повеќе не е од картон“, пишува на „Инстаграм“ Елена Нечаева.

Навивачите претпоставуваат дека поради популарноста на картонската фигура сопругата сепак го пуштила Хавиер на Мундијалот.

Прочитајте повеќе за Мексиканецот кој поради жена му не е на СП-2018

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња