Во случај на воен конфликт меѓу Русија и воениот блок на НАТО американската војска нема да може да стигне на бојното поле и ќе ја загуби битката во балтичкиот регион. Причина за тоа ќе бидат проблемите со транспортот на логистиката во земјите на Источна Европа и бирократските пречки.
Како што пишува весникот „Вашингтон Пост“, маневрите одржани во земјите на балтичкиот регион и во Полска покажаа дека сообраќајната инфраструктура на земјите кои некогаш припаѓаа на источниот блок не е прилагодена за транспорт на тешката оклопна техника на НАТО. Тесните патишта и ’рѓосаните мостови се сериозна пречка за префрлување на војската. Освен тоа, напредувањето на војската би можело го задржат бирократските процедури: контролата на пасошите и договорот за рутата на движењето на војската. Војската мора да помине вкупно 17 различни процедури.
„Германија, на пример, дозволува камионите натоварени со тенкови и друга тешка техника да се движат по автопатиштата само ноќе во работни денови. Шведска, која не е членка на НАТО, но тесно соработува со Северноатлантската алијанса, бара да биде известена три недели однапред кога мнозинството војници и техника треба да влезат на нејзина територија“, пишува авторот на текстот.
Освен тоа, руската железничка пруга се разликува од западната. Таа е поширока. Тоа значи дека ешалоните со техника треба да бидат натоварени, а потоа претоварени во близина на границата на Полска и Литванија. Тоа уште повеќе би можело да го забави напредувањето на војската.
„Ако стигнете таму за 45 дена, едноставно доцните за битката“, смета генерал-мајор Стивен Шапиро, одговорен за движењето на армијата на САД низ Европа.
Притоа, како што сметаат западните аналитичари, руската војска може да ја освои Рига за 60 часа. Не се соопштува колку време, според нив, би ѝ било потребно за освојување на целокупната територија на балтичките земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче