Вработените во музејот на Уралската рударско-металуршка компанија од Верхњаја Пишма (град-сателит на Екатеринбург) ја поканија картонската фигура на мексиканскиот навивач кому сопругата му го ускрати патот на Светското првенство да се повози во тенк, се наведува во шеговитото соопштение на службата за односи со јавноста на ова претпријатие.
Вработените во Музејскиот комплекс ги повикаа мексиканските навивачи кои патуваат со картонската фигура на својот пријател Хавиер да се повозат во тенк Т-34 и легендарни олдтајмери како што се „Победа“, кабриолетот од четириесеттите години и „Волга“ од педесеттите, пренесуваат руските медиуми.
Покрај тоа, на гостите им е понудено и сервисирање на автобусот кој мексиканските навивачи го преработија во дом на тркала и го пренесоа преку океанот за возење низ Русија во текот на Мундијалот. За да биде повикот поинтересен, вработените во Музејот направија картонска реплика на Хавиер, ја ставија во тенк и фотографијата со поканата им ја испратија на мексиканските навивачи. Еден ден подоцна стигна нивниот одговор.
„Вашиот повик е многу интересен. Ние сега се наоѓаме 1700 километри од Екатеринбург и не знаеме кога точно пристигаме“, напишаа Мексиканците. Од претпријатието велат дека комуникацијата со гостите на Светското првенство продолжува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче