Руски лекари му го спасија животот на исландски навивач

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Навивач на репрезентацијата на Исланд кој дошол во Волгоград за да го гледа на Светското првенство во фудбал натпреварот меѓу националната селекција на својата земја и Нигерија е опериран по инфарктот, а неговата состојба сега е стабилна, соопштува Комитетот за здравствена заштита на Волгоградската област.

„Операцијата на срцето е успешно изведена, а состојбата на пациентот е стабилна“, се вели во соопштението на комитетот во кое исто така се наведува дека Исланѓанецот утринава е префрлен во болница.

Натпреварот меѓу Нигерија и Исланд на стадионот „Волгоград Арена“ е закажан за утре, 22 јуни.

Погледнете: Навивачи од Исланд се качија во „Нива“ и стигнаа во Волгоград