ФОТО: Ако мислите дека руските фудбалски навивачи секогаш носат „кокошник“ и „ушанки“- во право сте!

Начин на живеење
АНА СОРОКИНА
Дали некогаш сте виделе маса Руси во народни носии? Тоа е вистински празник за очи! Еве ги најдобрите костимирани руски навивачи на Светското првенство во фудбал:

Мундијалот 2018 во Русија е во полн ек. Руските фудбалери засега ги полнат мрежите на своите противници, а импресивна е и поддршката од домашните навивачи.

1. Дојде летото кога не е необично да се носи зимската шапка „ушанка“ како што овие момци кои гледаа на 14 јуни како руските фудбалери го решетаат голот на Саудиска Арабија (5:0).

2. Русија + Фудбал = Љубов! Среќен руски пар на трибините.

3. Девојка со традиционалниот украс за глава наречен „кокошник“ на мечот Русија – Египет во Санкт Петербург на 19 јуни.

4. Доколку некој ви рекол дека Русите ретко се насмевнуваат, погледнете ја подобро оваа навивачка. Оваа убавица како да претчувствува како ќе заврши натпреварот со Египет (3:1 за Русија)!

5. Лето, лето, е па што, навива и Дедо Мраз...

6. Во исчекување на победата на стадионот „Крестовски“ (Санкт Петербург).

7. Навивајте како руски болјари!

8. Гагарин би го одобрил ова! И би додал - „пајехали“!

9. Руски навивачки во Москва!

10. Иван Грозни и неговиот компањон Чебурашка, популарниот во Русија лик од цртаните филмови!

11. Напред, Русија! Россия вперёд!

Погледнете ги странските фудбалски навивачи кои ги шармираа Русите со своите обичаи и ентузијазмот