Навивачите на Сенегал и Јапонија ги чистеа трибините по натпреварот на Мундијалот 2018

Fei Maohua/Xinhua/Global Look Press
И тоа по историските победи, забележуваат медиумите.

Репрезентацијата на Сенегал за многумина неочекувано ја победи Полска со резултат  2:1 во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во фудбал. На социјалните мрежи се појави една ништо помалку неочекувана видеоснимка на која навивачите од оваа африканска земја ги чистат зад себе (и не само зад себе) трибините на стадионот „Спартак“ во Москва.

Тоа е најдоброто што го видовте денеска, беше еден од коментарите на социјалните мрежи.

Нешто слично направија и навивачите на репрезентацијата на Јапонија по победата над Колумбија (2:1) на „Мордовија Арената“ во Саранск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња