Странските фудбалски навивачи кои ги шармираа Русите со своите обичаи и ентузијазмот

Начин на живеење
НИКОЛАЈ ШЕВЧЕНКО
Австралијците со кенгурите и страсниот Мексиканец кој секаде носи транспарент со сликата на својот другар го претворија Светското првенство во Русија во вистински фестивал.

Навивачите од Австралија се облечени во жолто и знаат како да се чувствуваат како дома. Овде можете да видите како еден од навивачите многу убедливо имитира кенгур.

Други го повеле и животното со себе. Фудбалот, најпосле, е интересен и во друштво на кенгур.

Хавиер стана најпознатиот мексикански навивач на Светското првенство 2018 во Русија, затоа што неговиот предан другар, кој не сакаше да го остави дома (иако жена му не му дозволила да оди), го направи неговиот лик од картон и го однесе во Русија. Така Хавиер стана ѕвезда.

Мексиканските навивачи досега покажаа најмногу страст. Овој навивач ја бакна уредничката на весникот „Метро“ додека таа на „Инстаграм“ ја пренесуваше атмосферата од мечот.

Овој Мексиканец дојде во Русија да си најде жена. Натписот гласи: „Не сум женет“.

Оригиналните костими се задолжителен дел од опремата на бразилските навивачи на Светското првенство во Русија. А московското метро е најдоброто место за да ги покажат.

И Египќаните имаат стил.

 

А оваа маска на тигар е незаборавна!

Овие Шпанци се обидуваат да поминат како Руси. Запознајте ги Витја и Иван.

Навивачите на Исланд се омилени во Русија. Тие се шармантни, а нивниот карактеристичен извик „Ху!” привлекува особено внимание.

Дури и познатата руска „Калинка” звучи посебно кога ја пеат Исланѓаните.

Овој германски навивач целиот пат од својот роден град до Москва го поминал со својот трактор стар 82 години и кој постигнува брзина од само 20 километри на час. Овој 70-годишник сигурно заслужи бесплатна влезница за натпревар која и ја доби кога конечно пристигна во Русија.  

Светското првенство ги маѓепса сите. Англиските и туниските заедно во воз до Волгоград пред натпреварот.

Панамските и белгиските навивачи заедно ја пеат руската „Катјуша“ пред стадионот „Фишт” во Сочи.

Дури и руски полицаец потклекна пред шармот на навивачите!