Неколку дена пред првиот натпревар на Мундијалот во Волгоград, градот го нападнаа мушички и комарци. Инсекти има толку што организаторите на натпреварувањето дозволија внесување на спреј во фан зоната.
Ако локалните жители веќе навикнаа на наездата од инсекти, навивачите на Тунис и Англија беа целосно неподготвени. „Овде сите освен мушичките ни посакуваат добредојде“, изјавија Тунижаните за медиумите.
@Natpirks 1 - Mosquitoes 0. Lets hope they don’t come out tomorrow night for the #England game #WorldCup2018pic.twitter.com/k8uS27XZMC
— Rachel Price (@NewsCamerawoman) 17 June 2018
Волгоград инаку беше подготвен за напад на мушички и во април беа потрошени 42 милиони рубли (речиси 600000 евра) на борба со инсектите.
Those bugs in Volgograd 😳#WorldCuppic.twitter.com/TVZMRbrgtM
— Indy Football (@IndyFootball) 18 June 2018
„Милијарди и милијарди мушички! За среќа, не се обидуваат да те каснат, но не е пријатно ни самото нивно присуство“, коментираше новинар на Би-Би-Си.
England’s Alexander-Arnold fighting back against the Volga bugs... pic.twitter.com/Eq3GUN8CQQ
— Dan Roan (@danroan) 18 June 2018
Наездата од мушички е проблем на Волгоград секое лето. Неколку дена пред првиот натпревар губернаторот на регионот изјави дека „работата е под контрола“ и дека за заштита на гостите на Светското првенство во фудбал се преземаат мерки без преседан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче