Ахилеј, мачорот-пророк од музејот „Ермитаж” во Санкт Петербург
Ирина Мотина/SputnikВо земјата која е зафатена од фудбалската треска влоговите се високи, обложувањата драматични, а 11 чудесни животни се повикани да ги предвидат резултатите од натпреварите... во Русија ништо ново.
За време на Светското првенство во фудбал 2010 година во Јужноафриканската Република октоподот по име од Оберхаузен во Германија се стекна со светска слава така што ги предвиде резултатите од 7 натпревари на германскиот тим. Паул ја „претскажуваше“ иднината така што бираше меѓу два сада со храна. Оттогаш животното стана вистински хит за предвидување на резултатите. Меѓутоа, тоа не е нов изум: во старо време тоа била вообичаена пракса.
Во Русија оваа забава зеде замав. Во моментов повеќе од 11 животни ширум Русија ги претскажуваат резултатите од натпреварите.
Мачорот Ахилеј
Александар Галперин/SputnikГлувиот мачор по име Ахилеј, жител на музејот „Ермитаж” во Санкт Петербург, ја предвиде победата на Русија во првиот натпревар против Саудиска Арабија така што избра меѓу две чинии со храна. Истиот метод го користи и ракунот по име Нафања од Иркутск. Нафања е веќе искусен врач: тој ја предвиде победата на Русија на Светското првенство во хокеј 2015 година.
Ракунот Нафања
Иркутска зоолошка градинаВо Сочи видрата Хари го претскажа истиот резултат така што без двоумење ја избра топката во бои на руското знаме од двете понудени топки.
Видрата Хари
Кавказ постВо Нижни Новгород иднината ја гледа тапирот Клеопатра, додека нилските коњи Миља и Гљасик ги даваат предвидувањата во Калиниград.
Тапирот Клеопатра
Зоолошка градинаВо градот Химки (недалеку од Москва) ирвасот Јаша предвиде дека Русија ќе се пласира во плеј-офот (и ние стискаме палци да биде така).
Ирвасот Јаша
Општинска управа на градот ХимкиИзгледа дека дури и китовите се интересираат за фудбалот: белиот кит по име Пузирјок (Балонче) од Анапа без проблем ја предвиде неодамнешната победа на Русија над Саудиска Арабија.
Белиот кит Пузирјок
Anapa LifeНо, не се само животните повикани во друштвото на пророците. Роботот по име Бакстер, кој се наоѓа во московскиот изложбен центар ВДНХ, ја користи својата вештачка интелигенција за да ја предвиди иднината. Тој ги заснова своите резултати на претходните натпревари, што е за него своевиден одмор од играта „икс-нула“ во која обично се натпреварува со посетителите.
Роботот по име Бакстер ги предвиде резултатите од Купот на конфедерациите во фудбал 2017 година (изложбениот центар ВДНХ во Москва).
Артјом Геодакјан/TASSПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче