Московското метро им ја честиташе на навивачите на Мексико на шпански победата над актуелните прваци на светот, репрезентацијата на Германија.
„По повод победата на репрезентацијата на Мексико им честитаме на навивачите на шпански и укажуваме, исто така, на шпански, како да се движат од станицата на Московскиот централен прстен Лужники“, се вели во соопштението на подземната железница на рускиот главен град објавено на социјалната мрежа „Твитер“.
Честитката се појави не само на официјалната страница на московското метро на „Твитер“, туку се слушна и на станиците на железницата.
Натпреварот на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Русија, меѓу репрезентациите на Мексико и Германија се одигра вчера на московскиот стадион „Лужники“. Актуелните прваци на светот, селекцијата на Германија, загуби од Мексико со резултат 0:1.