Американски експерти: Од пет најопасни нуклеарни подморници на светот, дури три се руски. Кои?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американското специјализирано списание „Нешионал Интерест“ кое се занимава со современото вооружување и воената техника, објави текст во кој се обидува да формира список од топ-5 најдобри нуклеарни подморници на светот.

Во текстот се наведува список на пет најопасни нуклеарни подморници, од кои дел сè уште се наоѓаат во оперативното вооружување (како што е случајот со американската перспективна стратегиска офанзивна подморница од класата „Колумбија“ – заб. авт.). Според американските експерти, во првите пет најдобри подморници на светот се најдоа три руски подводни „чудовишта“.

Според мислењето на авторот на овој текст, стратешките подморници на нуклеарен погон кој во себе носи интерконтинентални балистички ракети опремени со термонуклеарни боеви глави, спаѓа во најразорното оружје што човекот можел да го создаде.

Еден од фаворитите на ова списание е стратегиската нуклеарна офанзивна подморница од проектот 955 „Бореј“. Подморницата е вооружена со 16 балистички ракети од типот „Булава“ кои поединечно можат да носат до десет независно насочени боеви глави. Дострелот на овие ракети е околу 8.500 километри. Поради респектабилното ракетно-торпедно вооружување, овие подморници ги краси и уште една исклучително важна карактеристика. Таа се состои во тоа што тие се практично нечујни за време на своето борбено патролирање по светските мориња. Ова е решено со исфрлање на бучниот пропелер и со вградување на воден хидроџет погон кој со помош на млазови обезбедува стабилно движење на подморницата под површината на морето. Постојаната сила на овој погон го обезбедува нуклеарниот реактор ОК-650 со сила од 200 мегавати. Дополнително намалување на буката е остварено и со конструкциски иновации за време на изградбата на корпусот на подморницата каде е применета технологијата на таканаречената двокаскадна амортизација кадешто секој отсек на подморницата е дополнително изолиран од нејзиниот корпус. Целиот корпус на подморницата е прекриен со специјална еластична подлога слична на пластична гумена маса која оневозможува нејзино откривање со помош на хидроакустични уреди.

„Нешионал Интерест“ во својот рејтинг ја вклучи и атомската подморница од проектот 667БДРМ „Делфин“. Како што истакнува списанието, денес овие подморници претставуваат основа за стратешките подводни флоти. „Делфин“ е вооружен со 16 тристепени балистички ракети Р-29МУ2 „Синева“, која за својот погон користи течно ракетно гориво. Една „Синева“ може да понесе 4-8 независно насочени боеви глави, а нејзиниот максимален дострел е околу 11.500 километри. Подморницата може да лансира балистички ракети од длабочина од 55 метри при брзина на подморницата од 6 до 7 јазли (околу 11-13 километри на час)“, пишува американското списание.

И третата руска подморница која се најде во состав на оваа петорка е повеќенаменската атомска подморница 885 „Јасењ“ која е вооружена со 32 крстосувачки ракети „Калибр“. Овие ракети можат освен конвенционални да носат и атомски боеви глави со кои можат да гаѓаат цели на оддалеченост и до 2.500 километри. Како што пишува весникот, подморниците од типот „Јасењ“ се мошне брзи, неверојатно тивки и поседуваат исклучително софистицирана сензорика.

Останатите две подморници кои влегоа во топ-5 се американските подморници од класата „Охајо“ и „Колумбија“.