Министерството за одбрана на РФ ја потврди информацијата за загинувањето на четворица руски војници на подрачјето на градот Деир-ез Зор, кои загинаа во борба со група терористи која ја нападна нивната позиција. Според тие наводи, поголема група терористи извршила напад врз позицијата на која се наоѓале руски војници кои командувале со артилериските единици на сириската војска. Нападот е изведен во услови на ограничена оптичка видливост, а во него според слободна процена учествувале неколку мобилни групи со најмалку 100-150 терористи со десетина специјални автомобили со висока проодност. На нив имало монтирано вооружување за огнена поддршка кое првенствено се состоело од тешки митралези со калибар 12,7 мм.
Групата руски војници по воведното изненадување се прибрала и прифатила нерамноправна борба која траела повеќе од еден час. Во тој судир, на место загинале двајца руски војници, додека петмина биле ранети. По пристигнувањето на интервентните засилување од длабочината на фронтот, нападот на терористите бил скршен и непријателот во поголема мера уништен.
Според првичните податоци, загинале 43 терористи, додека се неутрализирани шест возила за огнена поддршка и транспорт на жива сила.
Петмината ранети руски војници експресно биле транспортирани во руската воена болница, каде и покрај вонредните залагања на хируршкиот тим, на раните им подлегнале уште двајца војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче