Фудбалската репрезентација на Португалија пристигна во Русија на 9 јуни за Светското првенство и доби необичен пречек: со леб и сол.
Тоа е всушност стара руска традиција во која девојки во народни носии ги пречекуваат со леб и додатоци, а тие со задоволство ги вкусија.
Ѕвездата Кристијано Роналдо изгледаше изненаден од церемонијата и се смееше кога им дофрли нешто на своите соиграчи.
Единаесет руски градови ќе бидат домаќини на натпреварите од 14 јуни до 15 јули. Кликнете на овој линк за да дознаете сѐ што сте сакале да знаете за настанот.