Фудбалската репрезентација на Бразил почна да учи руски јазик и култура

Руски навивачи со транспарент „Добродојдовте на Светското првенство 2018 во Русија!“.

Руски навивачи со транспарент „Добродојдовте на Светското првенство 2018 во Русија!“.

AP
Персоналот на репрезентацијата на Бразил, вклучително и селекторот на националниот тим Тите, почна да учи руски јазик и култура на Русија пред светското фудбалско првенство во 2018 година.

„Бидејќи се квалификувавме на Светското првенство во Русија, дојде време да научиме за оваа земја: културата, географијата, историјата. Овие работи му се практично непознати на нашиот стручен штаб. Затоа поканивме тутор. Некој кој ја разбира Русија како земја. Тој ги сподели со нас своите искуства и знаења. Така ќе ни биде полесно во Русија, ќе изгледаме посимпатично“, ги цитира зборовите на координатор на бразилската репрезентација Едуардо Гаспар прес-службата на тимот.

Репрезентацијата на Бразил беше првата екипа која се пласираше на Светското првенство 2018 година.

Претходно беше соопштено дека Организацискиот комитет ќе се потруди да ги направи билетите за СП-2018 максимално достапни за Русите, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња