Путин кажа кои се фаворитите на Мундијалот 2018: Не и Русија

Kremlin Pool/Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека фаворите на Светското првенство во фудбал кое ќе се игра летово во Русија се Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија.

„Фаворити има многу. Тоа се и латиноамериканските тимови - Аргентина и Бразил. Знаеме дека репрезентацијата на Германија играше одлично на последните првенства. Многу убав фудбал покажа и шпанската екипа“, рече Путин во интервју за кинеските медиуми.

Говорејќи за шансите на руската репрезентација, Путин рече дека во последно време репрезентацијата не покажала големи резултати, но се надева дека фудбалерите ќе се борат до крај. „Ние, сите навивачи и сите љубители на рускиот фудбал, многу се надеваме дека руската репрезентација ќе даде сѐ од себе и ќе покаже возбудлив, убав фудбал и дека ќе се бори до крај“, истакна Путин.

А најдобрите играчи во историјата на фудбалот според Путин се Јашин, Пеле и Марадона. „Најдобриот руски, советски фудбалер е Лав Јашин, а најдобар странски фудбалер е Пеле. И Марадона го почитувам многу“, рече Путин.

Претседателот на РФ додаде дека главната задача на Русија како држава која го организира турнирот да направи од Мундијалот празник за милионите љубители на фудбалот во целиот свет. Рускиот претседател инаку задолжително ќе присуствува на првиот и на последниот натпревар на Мундијалот, а доколку не го спречат обврските, вети дека ќе дојде и на некои други натпревари.

Прочитајте повеќе: ФИФА објави ново видео со градовите-домаќини на Светското првенство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња