Анкета: Бројот на патриоти во Русија достигна 92%

Global Look Press

Процентот на руски граѓани кои се сметаат себеси за патриоти го достигна максимумот во последниве 18 години. Денес ова чувство го негуваат 92% од државјаните на Русија, а мнозинството од нив смета дека патриотизмот пред сѐ се рефлектира во љубовта спрема својата земја. Тоа го покажаа резултатите на анкетата на Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ) во пресрет на одбележувањето на Денот на Русија.

„Процентот на руски граѓани кои се сметаат себеси за патриоти во 2018 година изнесува 92%, што е максимум за последните 18 години”, се наведува во резултатите од истражувањето на ВЦИОМ, пренесува РИА „Новости“.

Во 2000 година 84% од граѓаните на Русија се доживуваа себеси како патриоти, додека во годините што следеа оваа цифра варираше од 80% до 88%.

Како и претходно, мнозинството руски граѓани ги изедначуваат патриотизмот и љубовта спрема својата земја: за 59% испитаници да се биде патриот значи да се сака својата земја. Меѓутоа, последниве неколку години ова гледиште изгуби на популарност (2014 година 72% испитаници го имаа овој став).

Денес повеќе од една третина (39%)  руски државјани го поврзува патриотизмот со желбата да се промени состојбата во државата. Малку почесто луѓето го сфаќаат патриотизмот како работа за  доброто на земјата. 29% руски граѓани во патриотизмот гледаат заштита на својата земја од сите напади и обвинувања, а секој петти (19%) смета дека патриотот „ја зборува вистината за својата земја, без оглед колку и да е горчлива“. Додека луѓето значително поретко наведуваат дека показател на вистинскиот патриотизам е навиката да се не забележуваат маните на земјата (3% испитаници).

Прочитајте повеќе: Русите подобро ја оценуваат политичката и економската ситуација во земјата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња