Русите подобро ја оценуваат политичката и економската ситуација во земјата

Руси.

Руси.

Тарас Литвиненко/РИА „Новости“
Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведе анкета за тоа како Русите ја оценуваат економската и политичката ситуација во земјата.

Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) ги презентираше податоците за тоа како Русите ја оценуваат економската и политичката ситуација во земјата. Според анкетата, 17% од Русите ја оценуваат економската ситуација како натпросечна, 25% - под просекот, а 55% - просечна.

„Индексот на проценка на економската ситуација во земјата по максималната вредност на тековната година, забележана во мај (51 поен), се врати на своето поранешно ниво: во јули вредноста на индексот вредност изнесуваше 47 поени (за споредба: во јануари истиот резултат, во јули 2016 година 34 поени)“, се вели во соопштението на ВЦИОМ што го пренесува „Комерсант“.

Податоците од истражувањето укажуваат на тоа дека политичката ситуација во земјата граѓаните ја оценуваат како пониска отколку на почетокот на годината (57 поени во јули наспроти 64-65 во јануари-февруари), но повисока од пред една година (53 поени во јули 2016 година). „Одговорите „добра“ или „многу добра“ дале 28% од испитаниците, „лоша“ или „многу лоша“ - 19%, просечна - 48%“, прецизира ВЦИОМ.

Анкетата на ВЦИОМ беше спроведена од 27 јули до 1 август 2017 година во 130 населени места во 46 области, краишта и републики на 1600 испитаници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња